Шпанија го ограничува поскапувањето на струјата и гасот

Шпанската влада усвои пакет кризни мерки за да ги заузда високите цени на струјата и гасот, најавувајќи ограничување на поскапувањето и заработката на електроенергетските компании.

EPA-EFE

„Неприфатливо е електроенергетските компании да профитираат на зголемените цени на електричната енергија“, изјави премиерот Педро Санчез за државната телевизија ТВЕ.

„Ќе им ја одземаме вонредната добивка на енергетските компании... и ќе ја пренасочиме на потрошувачите“, кажа шпанскиот премиер, додавајќи дека специјалниот надомест за струја ќе се намали од 5,1 на 0,5 отсто.

Мадрид очекува со ограничувањето на заработката на произведувачите на струја од обновливи извори на наглиот раст на цените на струјата на граѓаните во следните шест месеци да насочи околу 2,6 милијарди евра.

Цените на струјата растат во последно време во многу земји, вклучувајќи ја Шпанија, поради зголемената побарувачка за природен гас и поскапувањето на дозволите за емисија на штетни гасови.

Во изминатите недели цените на струјата на физичкиот пазар достигнаа рекордни 154,16 евра по мегават час, според пазарниот оператор ОМИЕ.

Владата паралелно планира до крајот на годината на наддавање да продаде дозволи за емисија на јаглерод во вредност од 900 милиони евра, додавајќи дека планира да го употреби приходот за намалување на сметките.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе