Шефот на ОМВ: Европа не е спремна за забрана на рускиот гас

Европа не е спремна за забрана на увозот на гас од Русија, а прекинот на испораките би влијаел врз нејзината индустрија и целата економија, кажа шефот на ОМВ Алфред Штерн во интервју за Куриер.

EPA-EFE

„Мислам дека денес не сме спремни за ембарго, освен ако не сме спремни да ги прифатиме последиците. Едно треба јасно да се разбере: снабдувањето со гас не го обезбедуваме со сопствено производство во Европа, туку со снабдување од Русија“, кажа Штерн.

Според шефот на ОМВ, прекинот на снабдувањето би имал големи последици за индустријата и економијата.

„Нормално, постои закон за стопанисување со енергијата која на домаќинствата ќе им обезбеди топлина. Домаќинствата трошат во просек околу 20 отсто гас годишно, потребни ни се околу 35 отсто за производство на струја и околу 40 отсто за индустријата. Но, не станува збор само за тоа туку и за одржувањето на нашата економска активност, а тоа во случај на ембарго повеќе не би било можно во целост“, кажа Штерн.

Што се однесува до нафтата, Штерн кажа дека руската сирова нафта ОМВ не ја користи во ниедна од своите рафинерии. Но, предупреди дека Русија произведува 10 милиони барели дневно, десеттина од светското производство, од што 50 отсто се извезува.

„Станува збор за значителни количества, а разликата во цената меѓу Брент и Уралс нафтата во моментов е 30 долари. Безбедноста чини, а ембаргото намалува значителни количества од испораките. Поради влошените економски прогнози побарувачката за нафта веројатно нема толку да порасне, но може да се очекува цените на нафтата да останат на високо ниво. Пазарите не реагираат само рационално туку ги придвижуваат и стравот и емоциите“, кажа Штерн.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе