Шефицата на ММФ: Пандемијата и понатаму ја кочи европската економија

Пандемијата на ковид-19 сè уште го кочи заздравувањето на светската економија, а главната пречка е длабокиот јаз во вакцинираноста на богатите и сиромашните, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

EPA-EFE

Премногу земји имаат пристап до само мало количество вакцини против ковид-19, истакна Кристалина Георгиева во виртуелниот говор на универзитетот Бокони во Милано.

Развиените економии ќе се вратат на претпандемиското ниво до следната година, додека на повеќето од оние во развој и неразвиени ќе им бидат потребни години за тоа, истакна Георгиева, најавувајќи ги редовните есенски прогнози на ММФ за светската економија.

Клучните мотори на растот и понатаму се САД и Кина, активностите се побрзо растат во Европа, но во другите делови од светот успоруваат.

„Пред нас е економско заздравување кое и понатаму го кочат пандемијата и нејзините последици. Не можеме нормално да напредуваме, како да одиме со тегови на нозете“, истакна Георгиева.

Ги повика побогатите земји да ги зголемат испораките на вакцини на земјите во развој, да ги тргнат пречките во трговијата и да обезбедат 20 милијарди долари неповратна помош за тестирање за ковид-19, следење на контактите и лекови.

Заздравувањето може да заглави ако не ја намалиме огромната разлика во вакцинираноста на граѓаните од развиените и сиромашните земји, која светската економија во следните пет години би можела да ја чини 5.300 милијарди долари.

Клучен фактор на ризик се инфлаторните притисови, кои во следната година во повеќето земји би требало да ослабат, со исклучок на одделни економии во развој, напомена шефицата на ММФ.

Централните банки засега не мораат, генерално гледано, да ја заоструваат монетарната политика, но би требало да бидат спремни во краток рок да преземат мерки ако заздравувањето забрза посилно од очекуваното, односно ако инфлаторниот ризик стане реална закана.

Важно е паралелно да се следи и финансискиот ризик, вклучувајќи ја пренадуената вредност на имотот, додаде таа.

Долгот на глобално ниво се изедначил со БДП, што значи дека бројни земји во развој имаат многу тесен маневарски простор за издавање нови обврзници по поволни услови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе