Седум европски земји ќе ги сопрат извозните гаранции за фосилни горива

Седум европски земји, вклучувајќи ги Германија, Франција и Британија, ќе ги прекинат јавните извозни гаранции за проектите за фосилни горива, најави неделава францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер, а пренесува специјализираниот енергетски портаол Енерџи портал прајсис.

EPA-EFE

Работењето со јаглен, нафта и гас традиционално сочинува голем дел од портфолијата на јавните агенции кои го поддржуваат извозот со гарантирање на финансирањето до поддршка од државата и осигурување од загуби во странство.

Останатите четири држави кои ја поддржуваат иницијативата се Шпанија, Холандија, Данска и Шведска.

Британија, Франција и Шведска веќе изнесоа планови за сопирање на извозните гаранции за секторот на фосилни горива, додека останатите земји во групата сè уште не одлучиле колку брзо постепено ќе ја укинуваат поддршката.

„Целосно сме решени да ги сопреме сите извозни гаранции кои ги финансираат фосилните горива, земајќи ги предвид индустриските специфичности на секоја земја и влијанието врз работните места“, кажа Ле Мер.

Додаде дека се надева дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе се придружи на групата која заедно сочинува 40 отсто од извозните финансиски средства меѓу земјите на ОПЕК.

Францускиот министер најави дека седумте земји ќе се обврзат на климатски прифатливи проекти и транспарентност во своите политики на финансирање на извозот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе