Саудискиот нафтен џин тргнат од тронот, Епл стана највердната компанија во светот

Саудискиот државен нафтен гигант повеќе не е највредната компанија во светот, туку титулата мораше да му ја препушти на американски Епл.

EPA-EFE

Епл стана компанијата со најголема пазарна вредност во петокот, по новиот раст на акциите.

Акциите на Епл пораснаа во петокот за 10,47 отсто, со што пазарната вредност на компанијата порасна на 1,84 билиони долари.

Сауди Арамко, која од минатогодишното излегување на берзата беше највредната компанија, сега има вредност од 1,76 билиони долари.

Големата заработка на Епл во третото фискално тромесечје, објавена во четвртокот, ја зголеми цената на акциите.

Фирмата се опорави од падот кој го доживеа во март за време на пандемијата. Акциите годинава пораснаа за повеќе од 44 отсто.

„И покрај ударите на ковид-19, Епл ги зголеми приходите во секој сегмент и во секој дел од светот“, пишуваат аналитичарите на банката Морган Стенли во извештајот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе