Саудијците и Русите се договорија за намалување на производството на нафта

Саудиска Арабија и Русија се договорија за нацрт договорот за огранучување на производството на нафта, во обид да спречат колапс на пазарот поради кризата предизвикана од коронавирусот.

Ројтерс јавува дека цените на нафтата по оваа вест рипнале за 12 отсто.

Двете земји по сѐ изгледа ги надминаа несогласувањата кои доведоа до најголемиот суфицит во понудата на нафтата, јавува Блумберг, повикувајќи се на изјави на неименувани делегати на форматот ОПЕК+.

До приближувањето на ставовите дошло непосредно пред почетокот на вонредната виртуелна средба на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници.

Според извештајот на Ројтерс, цените на сировата нафта пораснаа за 12 отсто по веста дека ОПЕК и главните произведувачи, на чело со Русија, се договорија за намалување на пумпањето нафта за 20 милиони барели дневно, пренесува Раша тудеј.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе