САД влегуваат во голема криза, имаат најголем квартален пад на БДП во 12 години

Американската економија тоне во една од најголемите рецесии во својата историја.

Според најновите податоци на американското министерство за економија, падот на БДП во првото тромесечје оваа година изнесува 4,8 отсто, што е прв пад на американската економија во последните шест години.

Воедно, тоа е најголемиот квартален пад во 12 години, односно од големата рецесија во 2008 година.

Во тромесечјето за кое се објавени загрижувачките податоци почна кризата со коронавирусот, а економијата во САД во најголем дел е сопрена.

Како што јавуваат американските медиуми, падот на потрошувачката на граѓаните во ова тромесечје изнесува 7,6 отсто, што е најголемиот пад на потрошувачката од 1980 година.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе