Руските богаташи го зголемија имотот за 53 милијарди долари

Руските богаташи во групата од 500 најбогати во светот во последните четири години своето богатство го зголемиле за вкупно 52,9 милијарди долари, јавува Блумберг.

Блумберговиот милијардерски индекс (ББИ) се темели врз акциите на компаниите во кои милијадерите имаат учество. Тој покажува дека на првото место на најбогатите Руси повторно е еден од главните акционери на Норникел Владимир Потанин. Неговото богатство порасна за 8,5 милијарди долари и изнесува 28,2 милијарди долари. Норникел е најголемиот светски произведувач на паладиум и еден од најголемите произведувачи на никел, платина и бакар.

Втората позиција ја зазема сопственикот на Новатек Леонид Микелсон кој го здебели контото за 5,2 милијарди долари и сега неговиот имот вкупно изнесува 24,6 милијарди долари. Новатек е најголемиот приватен произведувач на гас во Русија.

Тројката најбогати ја заклучува косопственикот на компанијата Лукоил Вагит Алекперов, чиј капитал порасна за 6,2 милијарди долари и се проценува на 22,3 милијарди.

Меѓу најбогатите Руси се и сопственикот на челичарницата НЛМК Владимир Лисин со богатство од 21,3 милијарди долари (зголемување од 3,5 милијарди), сопственикот на металуршката компанија Северстал Алексеј Мордашов (плус 2,5 милијарди долари, на 20 милијарди), Генадиј Тимченко кој поседува акции во Новатек и Сибур (плус 4,4 милијарди долари, вкупно 18,2) итн.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе