Економскиот форум во Санкт Петербург

Рускиот „Давос“ посилен од обидите за изолација

За време на трите дена колку што траеше Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург беа соборени голем број рекорди.

Беа потпишани дури 650 договори на сума од околу 44,6 милијарди евра, а станува збор само за оние договори кои не се сметаат за комерцијална тајна.

Соборен е и рекордот за бројот на учесници, бидејќи овогодинешниот форум собра 19.000 луѓе од 145 земји од светот.

Најголемите делегации беа од Кина, од каде допатуваа околу илјада функционери и бизнисмени, на чело со претседателот Си Џинпинг, и од САД, од каде ги имаше 520.

На форумот присуствуваа лидери на шест земји, како и генералниот секретар на Обединетите нации Антониот Гутереш.

Беа претставени 1.300 странски компании и над 2.500 руски, а дури 4.814 акредитирани новинари го следеа настанот.

Форумот, кој руските медиуми го споредуваат со швајцарски Давос, покажа дека и покрај обидите за изолација меѓународната бизнис заедница не јапрекинува соработката со Русија, пишува Раша тудеј.

Најзначајниот настан на форумот беше пленарното заседание на кое, покрај другите високи гости, учествуваа и претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг.

Настаните на форумот ги обедини мотото „Формирање агенда за одржлив развој“, а генералниот секретар на ОН Антониот Гутереш ги повика светските лидери „да покажат мудрост за повторно да не почне студена војна“.

Според него, светот претходно бил биполарен, потоа станал мултиполарен, а сега е хаотичен. Но токму сега, според него, созреало разбирањето дека би требало да тежнееме кон праведна глобализација.

Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург се одржува од 1997 година, а од 2005 година е под покровителство на рускиот претседател Владимир Путин.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе