„На 16 септември 2022 управниот одбор на Банката на Русија одлучи да ја намали клучната стапка за 50 основни бода на 7,5 отсто годишно. Актуелните стапки на раст на потрошувачките цени остануваат ниски, што придонесува на понатамошно успорување на годишната инфлација. Тоа е поради влијанието на низа еднократни фактори и воздржаната побарувачка на потрошувачите. Динамиката на деловната активност е подобра отколку што Банката на Русија очекуваше во јули“, истакна Централната банка, а пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.
Меѓутоа, како што наведуваат, надворешните услови за руската економија остануваат тешки и продолжуваат значително да ја ограничуваат економската активност.
Додадоа дека Централната банка ќе носи понатамошни одлуки за клучната стапка, земајќи ја предвид инфлацијата и процесот на реструктуирање на руската економија.
Годишната инфлација во Русија во август падна на 14,3 отсто, а според проценките од 9 септември паднала на 14,1 отсто, извести Централната банка на Руската Федерација.