Руската централна банка ја спушта клучната камата: „Ситуацијата е подобра од очекувањата“

Управниот одбор на руската централна на денешната седница уште еднаш одлучи да ја намали клучната каматна стапка – овој пат за 0,5 процентни бода, на 7,5 отсто годишно, соопшти Банката на Русија.

EPA-EFE

„На 16 септември 2022 управниот одбор на Банката на Русија одлучи да ја намали клучната стапка за 50 основни бода на 7,5 отсто годишно. Актуелните стапки на раст на потрошувачките цени остануваат ниски, што придонесува на понатамошно успорување на годишната инфлација. Тоа е поради влијанието на низа еднократни фактори и воздржаната побарувачка на потрошувачите. Динамиката на деловната активност е подобра отколку што Банката на Русија очекуваше во јули“, истакна Централната банка, а пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Меѓутоа, како што наведуваат, надворешните услови за руската економија остануваат тешки и продолжуваат значително да ја ограничуваат економската активност.

Додадоа дека Централната банка ќе носи понатамошни одлуки за клучната стапка, земајќи ја предвид инфлацијата и процесот на реструктуирање на руската економија.

Годишната инфлација во Русија во август падна на 14,3 отсто, а според проценките од 9 септември паднала на 14,1 отсто, извести Централната банка на Руската Федерација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе