Го помина британски ХСБЦ

Руска банка стана највредна во Европа

Руски Сбер, претходно познат како Сбербанка, стана пазарно највредната банка во Европа, поминувајќи го британски ХСБЦ.

EPA-EFE

Индексот на Московската берза РТС скокна во втората недела на октомври и за првпат во деценијата се проби над границата од 1.800 поени.

Иако водечкиот РТС индекс од почетокот на годината порасна околу 32 отсто, главниот дел од инвеститорското внимание е насочено на банкарскиот сектор, кој од почетокот на годината порасна над 70 отсто.

Цената на акциите на Сбербанка скокна на историски максимум. Една акција вредеше повеќе од 366 рубљи, односно 5,1 долари, а пазарната капитализација надмина 8,25 илјади милијарди рубљи или 113 милијарди долари, дури 30 милијарди над британски ХСБЦ.

Рускиот џин минатите две години ги искористи за важни стратегиски одлуки, Стратегиски, Сбербанка во следните години ќе се сврти кон финтек и интернет услуги.

Околу 100 од 13 илјади подружници на банката веќе се трансформирани во рамки на новиот екосистем, а во план е отворање на уште околу шест илјади.

Освен тоа, Сбербанка излезе и надвор од самото банкарско работење. Токму деновиве беше објавено дека најголемиот руски заемодавач и интернет компанијата Маил.ру вложиле дополнителни 12,2 милијарди рубљи во своето заеднички вложување во возењето и доставата на храната.

Пред неколку месеци Сбербанка најави дека планира да го намали присуството на европскиот банкарски пазар поради влошувањето на геополитичките услови. Веќе ја напуштија Турција, а разгледуваат начини како да го намалат своето присуство во Европа.

Сбербанка е присутна во Европа со банкарската група Сбербанк Јуроп груп со седиште во Виена и е во нејзина целосна сопственост. Сбербанка Јуроп работи на осум европски пазари – Австрија, БиХ, Хрватска, Чешка, Унгарија, Словенија, Србија и Германија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе