Русите подготвуваат „нафтена одмазда“ за Западот

Официјална Москва со еден потег би можела да предизвика економска катастрофа, а самата да успее да ги издржи последиците, тврди американска банка.

EPA-EFE

Ако американските и европските санкции предизвикаат руско одмаздничко кастрење во испораките на нафтата, глобалните цени на тој енергенс би можеле да достигнат „стратосферско ниво“ од 380 долари за барел, предупредуваат аналитичари на американската инвестициска банка Џеј Пи Морган Чејс.

Русија, имајќи ја предвид својата силна фискална позиција, би можела да си дозволи, оценуваат аналитичарите, да го намали дневното производство за 5 милиони барели без нејзиното стопанство да претрпи преголема штета, пренесува Блумберг. Но за голем дел од светот тој потег би можел да биде страшен.

Снемувањето на 3 милиони барели нафта дневно од светскиот базар би можело цената на лондонската берза да ја донесе на 290 долари за барел, додека најцрното сценарио на намалувањето од 5 милиони барели би водело кон цена од 380 долари.

Земјите членки на Г7 работата на разработка на комплициран механизам кој би ја ограничил цената која може да ја достигне руската нафта, а причина за тоа е да се засили притисокот врз руската инвазија на Украина.

„Веројатно е, во случај на ограничување на цената, дека Русите ќе се одлучат на одмазда со намалување на производството за да му нанесат болен удар на Западот. Актуелните тензии на глобалниот пазар на нафта се во руска полза“, велат аналитичарите на Џеј Пи Морган Чејс во пораката испратена до своите клиенти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе