Поради санкциите

Русите доцнат со плаќање на странскиот долг, првпат по еден век

Русија првпат по повеќе од сто години не го плати навреме надворешниот долг, пишува Блумберг. Русите треба да платат 94,6 милиони евра и се спремни да ја платат таа сума, но спречени се од санкциите, кои ги оневозможуваат плаќањата до меѓународните кредитори.

Фото: ЕПА

Кремљ беше решен да го спречи таквото сценарио, а рускиот министер за финансии Антон Силуанов ситуацијата ја нарече фарса. Каматата од 94,6 милиони евра доспеа на 27 мај.

Русите тврдат дека ги испратиле парите до Еуроклиар, банката што требаше да ја распредели исплатата до инвеститорите. Меѓутоа, таму парите заглавиле, а доверителите не ги примиле парите, пишува Блумберг.

Во меѓувреме, некои тајвански сопственици на руски обврзници не примиле исплати на каматите, според Ројтерс, цитирајќи два извори. Парите не стигнале во рок од триесет дена од доспевањето, односно до синоќа. Еуроклиар не сакал да потврди дека плаќањето е блокирано, но рече дека ги почитува сите санкции.

Оваа ситуација последен пат се случи во 1918 година за време на болшевичката револуција кога новиот комунистички лидер Владимир Ленин одбил да ги плати долговите на Руската Империја.

Министерот за финансии Антон Силуанов призна дека странските инвеститори нема да можат да примаат исплати.

„Постојат две причини. Првата е што на странската инфраструктура ѝ е забрането да врши каква било работа поврзана со Русија. Втората е дека на странските инвеститори изрично им е забрането да примаат уплати од нас“, рече Силуанов. Тој посочи дека Русија сака да го плати долгот и дека има доволно пари да го исплати надворешниот долг.

„Целата оваа ситуација е фарса“, рече рускиот министер. Би-би-си пишува дека неисполнувањето на обврските е симболичен удар за Русија, но дека ќе има многу малку директни последици.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе