Русија, Украина и ЕУ ги продолжуваат преговорите за украинската гасна рута

Москва, Киев и Брисел во понеделник, на 28 октомври ќе разговараат за условите на идниот договор за гасот, како и за количеството и тарифите на снабдувањето, јавуваат руските медиуми повикувајќи се на прес-службата на Европската Унија.

Преговорите, како што се наведува, ќе бидат фокусирани на тоа како енергетската регулатива на ЕУ да се вклопи во идниот рамковен договор за транспортот на рускиот гас низ Украина, како и на траењето на идниот договор и потрените количества и тарифи.

Се најавува дека и потпретседателот на Европската комисија за енергетска унија Марош Шефчович одвоено ќе се сретне со министрите за енергетика на Украина и Руската Федерација Александар Новак и Алексеј Оржел, а ќе учествуваат и претставници на украински Нафтогаз и руски Газпром.

„Сакам да го развијам конструктивниот дух присутен на последниот круг преговори кога сведочевме на приближување на ставовите за некои прашања“, кажа Шефчович.

Последниот круг на преговори на Русија, Украина и ЕУ за продолжување на договорот за транзитот на рускиот гас во Европа низ Украина беше одржан на 19 септември и траеше само 40 минути, а потоа Шефчович изјави дека првпат по многу години минал во многу конструктивен и позитивен тон.

Трите страни тогаш истакнаа дека продолжување на транспортот низ Украина и испораката на гасот во Европа е можна во речиси секое сценарио, и дека Газпром, Украина и Европа се погрижиле и за можни „црни денови“ со полнење рекордни количества гас во подземни магацини.

Договорот за транзит на рускиот гас во ЕУ низ Украина истекува на 31 декември годинава. Русија предлага продолжување на договорот врз актуелните основи, а ЕУ украинскиот гасоводен систем да биде дел од поголем проект за достава на гасот од централна Азија во Европа.

Украинскиот оператор Нафтогаз ја обвинува Москва дека би сакала целосно да го прекине транзитот на гас низ Украина. Русите пак повеќе пати одговорија дека, без оглед на изградбата на другите гасоводи од Русија кон Европа, особено на Северен тек 2 и Турски тек, транзитот низ Украина може да биде продолжен доколку Украина предложи конкурентни услови.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе