Русија планира да плови по Арктичкиот Океан преку цела година

Русија планира од 2022 или 2023 година да плови по Северниот морски пат, преку Арктичкиот Океан, во текот на целата година, изјави потпретседателот на руската влада Јуриј Трутнев.

EPA-EFE

Москва вложи многу пари во инфраструктурата за да го развие Северниот морски пат и сака тој да стане главна поморска рута на која ќе може да се сообраќа цела година бидејќи Арктикот се загрева побрзо од остатокот од светот.

Во моментов во зима не се користи поради дебелата ледена покривка.

„Планираме да го отвориме преминот за целогодишно пловење во 2022 или 2023 година“, кажа Трутнев за државната телевизија Русија 24.

Рутата во моментов се користи за испорака на јаглеводороди и други ресурси максимално девет месеци во текот на годината.

Властите сакаат да го зголемат количеството товар кој се пренесува по таа рута на 80 милиони тони годишно. Минатата година биле испорачани 33 милиони тони товар.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Русија би требало да почне со редовен контејнерски превоз на рутата низ Арктичкиот Океан.

Москва исто така планира да изгради мразокршачи кои како погонско гориво ќе користат течен природен гас, како и многу моќно мразокршачи за развој на рутите и создавање услови за пловење преку целата година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе