Русија најверојатно нема целосно да ги отвори границите до 2021

Преминувањата преку руската граница би можеле целосно да се воспостават дури на 1 јануари 2021 година, според претседателите на Рускиот сојуз на туристичката индустрија (ПЦТ) и Руската хотелска асоцијација (РГА), пренесува Раша тудеј

Во писмото кое Андреј Ингњатиев (ПЦТ) и Генадиј Лемшин (РГА) им го испратиле на министерот за економски развој Максим Решетников и на шефицата на Руската федерална туристичка агенција Зарина Догузова, сугерирале дека туризмот во земјата би требало да биде дозволен од 1 јуни 2020 „меѓу регионите со низок број случаи на ковид-19“.

Авторите на писмото предложиле меѓународниот турзиам да се обнови од 1 јули, но да се прифаќаат само туристи од земји со малку случаи на коронавирусот.

Русија со време би почнала да прима туристи од сѐ повеќе земји, со тоа што патувањата дури на 1 јануари 2021 би го достигнале нивото од пред коронавирусот.

Руската туристичка индустрија е силно погодена од почетокот на епидемијата.

Владата на 27 март го суспендираше речиси целиот меѓународен авионски превоз, што може да биде погубно за туристичкиот сектор.

Во април Ростуризм објави дека финансиската загуба поради коронавирусот ќе биде најмалку 300 милијарди рубљи (4 милијарди американски долари) квартално.

Догузова на 7 мај кажа дека туризмот е еден од главните економски придвижувачи на Русија, истакнувајќи дека постепеното излегување од карантинските мерки нема да ѝ помогне само на таа индустрија, туку и на многу други сектори.

„Oколу 60 милиони луѓе секоја година патуваат по земјата, оставајќи неколку милијарди рубљи во регионалните економии и создавајќи 2,5 милиони работни места“, кажа таа.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе