Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на германскиот канцелар Олаф Шолц дека плаќањата од Европа следниот месец „ќе продолжат да бидат во евра и ќе бидат префрлани како и обично во Газпром банката, која не е засегната од санкциите“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт.
Банката потоа ќе ги претвори исплатите во рубли, рекол Путин, цитиран од Хебестрејт.
„Шолц во разговорот не се согласил со оваа процедура, туку побарал писмени информации за подобро да ја разбере процедурата.“
Русија претходно изјави дека „непријателските“ земји ќе мора од 31 март да го плаќаат својот гас во рубли.
Германскиот портпарол додаде дека Шолц му останува посветен на договорот на Г7 според кој енергетските испораки од Русија ќе се плаќаат само во евра или американски долари.
Германија добива околу половина од гасот и една третина од нафтата од Русија и предупреди дека би можела да се соочи со рецесија доколку испораките ненадејно прекинат.