Русија ја сопре испораката на нафта на Белорусија

Русија ја сопре испораката на нафта во Белорусија, а двете белоруски рафинерии работат со минимален капацитет, објави денес белоруската нафтена компанија Белнефтехим.

„Руската нафта не се испорачува, а рифинериите работат на минималното технолошки дозволено ниво“, соопшти белоруската компанија.

Тие истакнаа дека Минск се обидува да склучи договори за испорака на нафта, вклучувајќи алтернативни извори надвор од Русија.

Прекинот на испораката на нафта следи откако Белорусија најави дека ќе постави опрема за нејзиниот квалитет, на белоруската делница на нафтоводот Дружба.

Претседателите на Русија и Белорусија Владимир Путин и Александар Лукашенко на 30 и 31 декември телефонски разговарале за снабдувањето на Белорусија со руска нафта, како и за прашањата за снабдувањето и транзитот на гас.

Белорускиот лидер разговарал за тие праѓања на 21 декември со рускиот премиер Дмитриј Медведев и рускиот министер за енергетика Александр Новак.

Истиот ден Лукашенко ја упатил управата на белорускиот петрохемиски комплекс да склучи договори за испорака на нафта и да ги утврди условите за испорака на сировини од балтичките пристаништа со железница и преку нафтоводот Дружба.

Пред тоа Лукашенко кажа дека земјата во 2020 планира да купи од Русија околу 20 милијарди кубни метри гас и 24 до 25 милиони тони нафта.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе