Поради цените на нафтата

Русија има огромен минус во буџетот, рубљата во слободен пад

Русија е соочена со пораст на дупката во буџетот на три билиони рубљи (38 милијарди долари) поради наглиот пад на цените на нафтата, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Цените на нафтата, најважниот извозен производ на Русија, потона во март приближно за третина поради намалената глобална побарувачка поради општиот пад на трговијата предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

Дополнителен удар беа неуспешните преговори на водечките произведувачи за дополнително ограничување на производството, пишува Ројтерс.

„Според сегашните цени, приходите од нафтата и гасот се помали од планираните за речиси 3.000 милијарди рубљи“, кажа Силуанов на состанок во министерството за финансии.

Руската валута, чие движење е тесно поврзано со цената на нафтата, од почетокот на март изгуби повеќе од десетина од својата вредност.

Тоа руската централна банка ја примора на продажба на девизните резерви за да го поддржи курсот, кој денес накратко падна на 79 рубљи за американски долар, најниско ниво во повеќе од четири години.

Сличен остар пад на рубљата поврзан со цените на нафтата на Русија ѝ се случи во 2014 и 2015 година, па реши да ја диверсификува економијата. И покрај тоа, сѐ уште е во голема мера зависна од движењето на цените на енергенсите.

Премиерот Михаил Мишустин неделава најави дека руската влада формира фонд тежок околу четири милијарди долари за да ѝ помогне на економијата да ги надмине актуелните тешкотии, и на домаќинствата да им ја олесни борбата со пандемијата на коронавирусот.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе