Роснефт на црната листа: Америка предупредува да не се соработува со рускиот нафтен џин

САД воведоа санкции на трговскиот оддел на руската државна нафтена компанија Роснефт поради помагањето на Венецуела да го заобиколи ембаргото на извоз на нафта.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ѝ воведе санкции на компанијата Роснефт трејдинг и нејзиниот претседател Дидие Касамир, што е дел од дипломатско-економскиот притисок на Вашингтон врз социјалистичкиот претседател на Венецуела Николас Мадуро да се повлече од власта.

Венецуела минатата година успеа да извезе стотици илјади барели нафта со помош на Роснефт трејдинг, и покрај санкциите кои САД ѝ ги воведоа на земјата.

Високи функционери на американската влада предупредија денес дека кој било во светот кој ќе соработува со трговскиот дел на Роснефт би можел да се најде на удар на американските санкции.

Тие наведуваат дека очекуваат новата мерка да ја исклучи компанијата Роснефт трејдинг од глобалниот финансиски сектор.

САД и 50-тина нивни сојузници тврдат дека реизборот на Мадуро за претседател во 2018 година не бил легитимен и за претседател на државата го сметаат опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе