На тој начин Газпром се обидува да го прекине падот на продажбата на „синото гориво“ во Турција. Епидемијата на коронавирусот ја намали побарувачката на гас, па дојде до намалување на цените, а покрај тоа се појавија и нови конкуренти кои ја спуштаат цената.
Долгорочните договори за продажба на гас се формираа двапати годишно врз основа на цената на нафтата. Така во третиот квартал Турција врз основа на долгорочните договори купуваше гас по цена од 188 долари за илјада кубици, а во четвртиот по 173 долари. Во Европа истовремено гасот се купуваше по цени формирани на гасната берза, за 86 долари за илјада кубици. Газпром преку својата електронска продажба нудеше гас за 76 долари за илјада кубици. А во мај цените на берзата паднаа на 34 долари!
Поради тоа турските компании се обидуваа да го натераат Газпром да им ја намали цената на гасот без оглед на долгорочните договори. Во првата половина на 2020 година турските компании го намалија купувањето гас од Русија за 41,5 отсто. Лани Русија на Турција ѝ продала 7,99 милијарди кубици гас.
Турција спаѓа меѓу петте земји кои се најголеми потрошувачи на гас. Таа годишно троши околу 45 милијарди кубици.
Рапидното намалување на купувањето гас на турските компании може да ја доведе во прашање рентабилноста на гасоводот Син тек и новоизградениот Турски тек. Турција добива гас и од Азербејџан, како и течен гас од Катар, Алжир и Нигерија. Има многу продавачи на пазарот.
Во првото полугодие на 2020 извозот на Газпром во ЕУ падна за 18 отсто, на што влијаеше кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, но и сè поголемата конкуренција.