Истражување

Речиси половина од Аргентинците се сиромашни

Речиси половина од аргентинското население во второто тримесечје живеело во сиромаштија, што е драматичен пораст во однос на истиот период минатата година, а резултат е на долгогодишната економска криза која се продлабочи поради пандемијата на коронавирусот, проценија истражувачи.

EPA-EFE

Католичкиот универзитетот во Аргентина (УЦА) процени дека стапката на сиромаштија на крајот на јуни пораснала на меѓу 46 и 47 отсто по месеци строги блокади воведени за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Податоците на владината официјална статистичка агенција Индекс, која известува за сиромаштијата секои шест месеци, покажале дека стапката на сиромаштија пораснала на 40,9 отсто во првите шест месеци од 2020, што е значителен раст во однос на 35,5-отстотниот раст во втората половина на минатата година.

„Постои повеќе општа сиромаштија. Сите сме ние посиромашни, веќе бевме минатата година, но сега со поголема нееднаквост“, изјави истражувачот на УЦА Аугустин Салвиа.

За порастот на сиромаштијата го обвини губењето на 3,5 милиони работни места. Нивото на сиромаштија се повлекува на 14.718 пезоси месечно (193 долари).

Салвиа кажа дека изгледа помалку веројатно дека нивото на сиромаштијата ќе се подобри во скора иднина и предвидува дека околу 45 отсто од Аргентинците ќе бидат сиромашни и на крајот на годината.

„Враќањето на 35-отстотната стапка на сиромаштија која ја имавме пред кризата, која веќе беше скандалозна, не гледам дека е тоа возможно оваа или следната година“, кажа тој.

Аргентинската економија во второто тримесечје забележа рекордно намалување од 19,1 отсто во однос на годината претходно бидејќи пандемијата ги уништи и понудата и побарувачката. Се очекува во оваа година да падне за 12 отсто, според проценките на аналитичарите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе