Расте економската активност во Кина, но извозот сè уште е намален

Во јуни економската активност на кинеските фабрики е зголемена во однос на мај, но голем број извозници продолжуваат да страдаат од намалени или откажани нарачки од странство, според истражувањето на приватните претприемачи објавено денеска.

Фото: ЕПА

Домашните потрошувачи остануваат претпазливи поради загубата на многу работни места и новото жариште на епидемијата на коронавирусот во Пекинг.

Во првиот квартал Кина забележа пад на БДП од 6,8 проценти, при што најтешко погодени беа малите и средните претпријатија. Поради неизвесната иднина, платите на фабричките работници се намалени веќе шести месец по ред.

Спречувањето масовна невработеност е приоритет на кинеската влада, поради што таа си постави цел оваа година да создаде девет милиони работни места во урбаните области.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе