Путин: Уделот на Русија на пазарот на ЛНГ е удвоен, но тоа е сѐ уште скромно

Рускиот претседател Владимир Путин изјави на руската енергетска недела дека Русија во следните 15 години планира да го зголеми годишното производство на течен природен гас (ЛНГ) на 120 до 140 милиони тони.

„Очекуваме до 2035 година да го достигнеме ниво на производство на ЛНГ од 120 до 140 милиони тони годишно“, кажа Путин.

Според него, ниските трошоци на производство и атрактивната логистика на руските ЛНГ проекти ги прави едни од најконкурентните во светот и можат да обезбедат раст на рускиот удел на динамичниот пазар.

Путин напомена дека благодарение на проектот Јамал ЛНГ уделот на Русија на глобалниот пазар на ЛНГ е повеќе од удвоен и сега изнесува околу девет отсто.

„Да, тоа за Русија е сѐ уште скромно, но напредокот е видлив“, кажа Путин.

Воедно најави дека спроведувањето на проектот Арктик ЛНГ-2 со странски партнери ќе обезбеди дополнителни 20 милиони тони гас годишно.

Рускиот претседател истакна дека од почетокот на 21 век бројот на земји потрошувачи на ЛНГ пораснал повеќе од пет пати, а побарувачката се дуплирала.

Тој додаде дека проценува дека ЛНГ за 5 до 10 години ќе заземе половина од глобалната трговија со гас

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе