Путин предупреди дека ќе има последици на обидите на Западот да ја ограничи цената на руската нафта

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал телефонски со новиот ирачки премиер Мухамед Шија ал Судани за обидите на западните земји да ја ограничат цената на руската нафта, соопшти Кремљ.

EPA-EFE

Агенцијата ТАСС го цитира Кремљ кој во соопштение наведе дека Путин му кажал на Ал Судани дека тоа „ограничување на цените ќе има сериозни последици на глобалниот енергетски пазар“.

„Обидите на одреден број западни земји да воведат ограничувања на цената на сировата нафта од Русија беа тема на разговорот“, се наведува во соопштението на Кремљ.

„Владимир Путин истакна дека таквите акции се во спротивност со принципите на пазарните односи и голема е веројатноста тоа да доведе до сериозни последици по глобалниот енергетски пазар“.

Европската Унија и Соединетите Американски Држави ги засилија обидите да постигнат договор за тоа како да се постави ограничување на цените за нивниот увоз на руска нафта.

Русија и Ирак се едни од главните извозници на нафта и челнови на договорот ОПЕК+.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе