Путин повика на чистење на економијата од криминалот

Рускиот претседател Владимир Путин повика на поактивно чистење на стратегиски важните делови од економијата од криминалот.

Зборувајќи на колегиум на Федералната безебдносна служба (ФСБ), шефот на руската држава оцени дека обезбедувањето економска стабилност и борбата против корупцијата се едни од безусловните приоритети во работата на специјалните служби.

„Треба да го искористиме позитивното искуство во идентификувањето на криминалните шеми во финансиската и даночната сфера, на индустриските и енергетските комплекси и одбранбениот сектор“, кажа Путин.

Истакна дека треба „строго да се почитуваат правата на граѓаните и бизнис субјектите, а пти примањето информации за кршење на правата на претприемачите да се реагира брзо“.

Путин побара од ФСБ специјално внимание да посвети на антикорупциската заштита на националните проекти.

Додаде дека огромни средства се сконцентрирани на постигнување на целите за национален развој и дека затоа треба да се воспостави контрола врз финансиските текови, но и дека безбедносните служби не треба да се мешаат во работата на другите државни и комерцијални структури.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе