Путин: Ги пренасочуваме нафтата и трговијата кон Кина, Индија, Бразил

Рускиот претседател Владимир Путин кажа денес дека Русија ја пренасочува трговијата и извозот на нафта кон земјите од БРИКС, кои ги нарече „сигурни“ и ги критикуваше западните земји поради нивните санкции наметнати на Москва.

EPA-EFE

Земјите од БРИКС се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.

Путин во онлајн обраќањето на форумот на БРИКС ги критикуваше санкциите без преседан со кои Западот се обидува да ја казни руската економија за инвазијата на Украина.

„Бизнисмените од нашите земји мора да ги развиваат активностите во тешки услови бидејќи нашите западните партнери не ги почитуваат основниот принцип на пазарната економија, слободната трговија“, порача Путин.

Новите „санкции воведени од политички мотиви противречат на здравиот разум и елементарната економска логика“, кажа тој.

Русија поради тоа „активно ги пренасочува своите трговски врски и надворешните економски контакти кон меѓународните партнери кои се сигурни, пред сè кон земјите од БРИКС“, кажа Путин.

Соопшти дека се преговара за отворање ланци индиски продавници во Русија и зголемување на уделот на кинеските автомобили на рускиот пазар.

„Испораката на руската нафта на Индија и Кина расте. Соработката во земјоделството се развива динамично“, кажа Путин и додаде дека расте и извозот на руски ѓубрива во земјите од БРИКС.

Русија сака со партнерите од БРИКС да развие „алтернативни механизми за меѓународен трансфер на пари“ и „резервна меѓународна валута“ за да се намали зависноста од доларот и еврото, кажа рускиот претседател.

Според податоците на Кинеската општа царинска управа, увозот на сирова нафта во Кина од Русија пораснал за 55 отсто од претходната година на рекордно ниво во мај и Русија ја замени Саудиска Арабија и стана главниот кинески доставувач, а рафинериите оствариле добивка на снижените цени на резервите.

Путин кажа и дека Русија развива алтернативни механизми за меѓународното финансиско работење со партнерите од БРИКС.

„Рускиот комуникациски систем е отворен за поврзување со банките од земјите од БРИКС. Рускиот платен систем МИР го шири своето присуство. Ја истражуваме можноста за создавање меѓународна резервна валута која ќе се заснова на валутите на земјите од БРИКС“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе