Производството на нафта падна за 10 милиони барели на ден, Русите размислуваат за уште ограничувања

Произведувачите на нафта можат повторно да разговараат за намалување на снабдувањето доколку е потребно, порача денес Москва, реагирајчи на наглиот пад на цените на нафтата поради уривањето на побарувачката под влијание на пандемијата на коронавирусот.

Цените на нафтата вчера на американскиот пазар потонаа речиси 40 долари, спуштајќи се за првпат во историјата во негативна територија, па со барелите за испораките во мај за време на затворањето на берзите се тргуваше по минус 37,63 долари. тоа значи дека инвеститорите на купувачите им нудеа попуст за да се ослободат од нафтата и да ги избегнат трошоците за складирање.

Пандемијата на коронавирусот ги сопре економијата и сообраќајот, намалувајќи ја побарувачката за сирова нафта па резервозарите во САД се речиси полни до врв.

Поради уривањето на побарувачката Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК) и групата независни произведувачи, вклучувајчи ја Русија, неодамна одлучија да го намалат производството за речиси 10 милиони барели на ден. Од Русија сега доаѓаат сигнали дека би разгледале уште позначителни ограничувања.

„Постојат механизми кои овозможуваат со партнерите да ги преиспитаме нашите ставови околу договорот ОПЕК+“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на дневанат конференција со новинарите. Доколку се укаже потреба, можно е да се организираат „нужни и соодветни“ мерки, додаде Песков.

Колапсот на цените го поврза со „шпекулативната“ трговија, тврдејќи дека руската влада ги има потребните резерви за да ја амортизира ниската цена на нафтата, главниот руски извозен производ.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе