Произведувачите на нафта преговараат за досега невидено намалување на снабдувањето

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и група независни произведувачи работат на договор за досега невидено намалување на производството, а на иницијативата би требало да се придружат и други произведувачи, изјави денес извор од ОПЕК.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и со саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман кои, според него, се согласиле да го намалат снабдувањето за 10 до 15 милиони барели дневно. Количеството одговара на 10 до 15 отсто од вкупното глобално снабдување, а доколку навистина биде постигнат договор, ќе биде тоа најголемото намалување на производството во историјата, јавува Ројтерс.

Трамп кажа и дека не направил никакви отстапки на Саудиска Арабија и Русија, како понуда за намалување на американското производство. Ројтерс додава дека тоа е забрането од американските закони за заштита на рамноправен пазарен натпревар.

Русија и Саудиска Арабија се членки на групата ОПЕК+, која на крајот на 2018 година договори ограничување на снабдувањето за да ги стабилизира цените на крајот на февруари годинава пропаднаа нивните договори за дополнително ограничување на снабдувањето поради пандемијата на коронавирусот.

Саудиска Арабија побара вчера итна средба на ОПЕК и независните произведувачи, тврдејќи дека сака праведен договор за стабилизација на нафтените пазари кои се урнаа поради падот на побарувачката под влијание на пандемијата.

Произведувачите бараат на иницијативата да се придружат и други земји, како САД на пример.

„САД ќе мора да го дадат својот придонес преку намалено производство од шкрилци“, кажа неименуван извор од ОПЕК.

Русија веќе долго се буни дека координираното намалување на снабдувањето им оди од рака на американските произведувачи.

И друг неименуван извор во ОПЕК истакна дека за намалување на производството за дополнителни 10 милиони и повеќе барели дневно ќе мора да учествуваат и произведувачи кои не се дел од ОПЕК+.

Ројтерс објаснува дека меѓу тие земји се САД, Канада, Норвешка и Бразил.

Изворот додава дека и ОПЕК+ внимателно ќе ја следи денешната средба на американскиот претседател и нафтените компании, истакнувајќи дека конечниот обем на намалувањето ќе зависи од учеството на сите произведувачи.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе