Потпретседателот на владата на Кина оди во САД да потпише примирје во трговската војна

Кинеското министерство за трговија соопшти денес дека потпретседателот на кинеската влада Лиу Хе ќе отпатува во Вашингтон за потпишување на прелиминарниот договор.

Тој договор треба да значи примирје во кинеско-американската трговска војна, која ја погоди и светската економија.

Кинескиот вицепремиер ќе биде во Вашингтон од 13 до 15 јануари.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави на 31 декември дека на 15 јануари во Белата куќа ќе биде потпишан првиот дел од трговскиот договор со Кина.

Договорот беше постигнат по повеќемесечни преговори и воведување царински давачки. Трамп најави дека во текот на 2020 година ќе го посети Пекинг, каде би требало да почнат преговорите за втората фаза од трговскиот договор.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе