Поранешниот шеф на Светската банка: Се враќаме во 1900 година, ни се заканува опасна ситуација

Поранешниот претседател на Светската банка предупреди дека светот би можел да изгледа како во 1900-тите години ако земјите не работат заедно на решавањето на актуелната криза. Роберт Зелик укажа на раздорот меѓу САД и Кина како сериозна закана за глобалното економско заздравување, пишува Би-би-си.

EPA-EFE

Роберт Зелик во моментов е консултант на Брунзвик групата, беше директор на Голдман Сакс и заменик на американскиот државен секретар, а во текот на кариерата советувал шест американски претседатели. За Би-би-си кажа дека соработката е единствениот начин глобалната економија да се извлече од рецесија и дека е загрижен поради растечките тензии меѓу САД и Кина.

„Мислам дека нивниот однос денес е во слободен пад и мислам дека не сме свесни дека дното би можело да биде многу опасна ситуација“, кажа Зелик.

Предупреди дека светот би можел повеќе да наликува на светот во 1900-тите години, кога големите сили се натпреваруваа, доколку земјите се оддалечуваат од глобализацијата и ги следат националистичките интереси. Зелик беше претседател на Светската банка од 2007 до 2012 година, во време на глобалната финансиска криза. Како лидер на Светската банка тесно соработуваше со Меѓународниот монетарен фонд и светските влади во решавањето на финансискиот крах.

„Денес немаме чувство на соработка“

„Финансиската криза во 2008/2009 беше многу сериозен настан, но ние ја имавме соработката на групата Г20 и централните банки. Претседателите (Џорџ В.) Буш и (Барак) Обама беа дел од меѓународните напори заедно со тогашниот британски премиер Гордон Браун. Искрено, дури и кина имаше силна програма на субвенции и исто така соработуваше на различни начини. Денес го немаме тоа чувство за соработка“, кажа Зелик и ги повика САД тесно да соработуваат со Кина во наоѓањето решение за пандемијата наместо да ја обвинуваат за неа.

Личноста која ја обвинува за предизвикување најголема штета е американскиот претседател Доналд Трамп. Зелик беше американски функционер за време на двајцата претходни републикански претседатели Џорџ В. Буш и Џорџ Х.В. Буш, но јасно е дека не го сака актуелниот републикански претседател.

„Од почетокот бев против Трамп, не само поради неговите политички ставови туку и затоа што мислам дека постојат недостатоци во неговиот карактер. Бев загрижен околу тоа што ќе направи со институции и гледаме дека тоа се потврдува, а во пандемијата видовме и уште една димензија, односно прашањето на неспособноста“, објасни Зелик за Би-би-си.

Тој смета дека скептицизмот на претседателот Трамп кон американските сојузници и протекционизмот ги зајакнале азиските стравувања во моментот кога кинеската моќ почнува да се надвива над регионот. За таа тема тој пишува во новата книга Америка во светот: Историјата на американската дипломатија и надворешната политика.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе