Поради рекордниот раст на бројот на заразени паднаа цените на нафтата

Цените на нафтата паднаа денес на светските пазари под 42 долари, притисна од растот на резервите и рекордниот дневен пораст на новозаразени во САД, што поттикна загриженост за економското заздравување и побарувачката за нафта.

EPA-EFE

Цената на барелот сирова нафта на лондонскиот пазар падна за 46 центи, на 41,89 долари. На американскиот пазар барелот се продаваше по 51 цент пониска цена, од 39,11 долари.

Трговците денес повторно се фокусираа на податоците за новозаразените во САД. Во четвртокот беа забележани рекордни над 60.500 нови случаи на инфекција со коронавирусот во еден ден. Најголем е и бројот на дневни случаи во светот од избивањето на заразата во Кина на крајот на 2019.

„На повидок е понатамошно губење работни места бидејќи неколку држави повторно воведуваат рестриктивни мерки за сузбивање на заразата. Америка е сѐ уште на големи маки поради пандемијата и тоа не е добра вест за изгледите за побарувачката на нафта“, изјави Стивен Бренок од ПМВ.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ја зголеми денес проценката за побарувачката на нафта во 2020 на 92,1 милиони барели на ден, поради помалиот од очекуваниот пад на побарувачката во вториот квартал. Предупреди сепак дека ширењето на ковид-19 претставува ризик за прогнозите.

„Пазарот на нафта недвосмислено оствари напредок... но големиот број случаи на зараза со коронавирусот, а во некои земји и нивниот значително засилен раст, се вознемирувачки потсетник дека пандемијата не е под контрола“, истакна ИЕА.

Цените исто така ги притиснаа вестите дека либиската национална нафтена корпорација по полугодишната блокада ја укина состојбата на „виша сила“ на целиот извоз.

Притисок врз намалувањето на цените создаваат и континуирано високите резерви на нафта поради падот на побарувачката за бензин, дизел и другите горива, поврзани со пандемијата. Резервите на сирова нафта во САД пораснаа во минатата недела за речиси шест милиони барели, а аналитичарите очекуваа нивен пад.

Растечката тензија меѓу САД и Кина исто така создава притисок врз цените. Кина денес објави дека со реципрочни мерки ќе одговори на американските санкции против кинески функционери поради наводното кршење на човековите права на малцинските Ујгури.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе