Најголемиот светски извозник на нафта

Поради падот на цената на нафтата драматично погодена економијата на Саудиска Арабија

Саудиската економија се намалила во првото тромесечје за еден отсто поради остриот пад на цените на нафтата и коронакризата која се разгоре дури на преминот во второто тромесечје, покажуваат официјалните податоци.

EPA-EFE

„Главната причина за негативната стапка на растот е падот на нафтениот сектор за 4,6 отсто додека ненафтениот сектор бележи позитивен раст од 1,6 отсто“, објави денес државната агенција за статистика, додавајќи дека проценките се прелиминарни.

Сите показатели упатуваат на заклучокот дека најголемиот извозник на нафта во светот ќе го забележи најголемиот пад на активностите во историјата поради намалената побарувачка за нафта во услови на пандемијата на вирусот и мерките со кои владите низ светот го ограничуваат движењето за да го сопрат ширењето на вирусот.

Во првите три овогодишни месеци вредноста на саудискиот нафтен извоз е намалена за околу 11 милијарди долари во однос на истиот период минатата година, според официјалните податоци објавени месецов.

Уште полоши се податоците за април кои покажуваат пад на вредноста на извозот за околу 12 милијарди долари.

Во мај и јуни Саудиска Арабија го намали производството според договорот со водечките произведувачи кој требаше да го ублажи надолниот тренд на цените на нафтените пазари. Тоа воедно значи дека нафтениот сектор и во второто тромесечје влијаеше врз саудискиот БДП.

Бројките на централната банка покажуваат воедно дека и останатите сектори во мај бележеле лоши резултати. Така добивката а банкарскиот сектор во минатиот месец паднала за речиси 40 отсто. Малопродажните активности паднале за речиси 16 отсто, покажуваат податоците на агенцијата за монетарна политика.

„Имајќи ја предвид коронакризата, овие податоци (за првото тромесечје) во некоја рака се вчерашна вест. Бројките за второто тромесечје ќе бидат речиси сигурно ужасни“, смета Џејмс Свонстон од Капитал економикс.

За да ги зголеми буџетските приходи од ненафтените сектори, владата нареди кревање на стапката на данокот на додадена вредност, но тоа веројатно ќе го задуши личното трошење и ќе го закочи заздравувањето на економијата во време на укинување на мерките за заштита од ширењето на пандемијата, предупредуваат економистите.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проценува дека саудискиот БДП годинава ќе се намали за 6,8 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе