Поради најава на Саудиска Арабија пораснаа цените на нафтата

Цените на нафтата пораснаа денес на меѓународните пазари над 31 долар, поттикнати од саудиската најава за дополнително намалување на производството која го потисна во втор план стравот од втор бран од заразата на коронавирусот.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 19 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 31,16 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 38 центи повисока цена од претходниот ден, од 25,12 долари.

Водечките произведувачи предводени од Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и Русија одлучија во мај да го намалат производството за речиси 10 милиони барели на ден за да ги поттикнат цените, разнишани од падот на побарувачката за време на пандемијата на коронавирусот.

Неименуван функционер на саудиското министерство за енергетика изјави денес дека министерството дало налог на националната нафтена компанија Сауди Арамко во јуни да го намали производството за милион барели на ден, дополнително на договорената квота.

Тоа околу пладне ги расположи пазарите, кои го забележаа и податокот дека во минатата недела во САД активни биле само 374 извори, најмалку откако компанијата Бејкер Хјуз во 1940 година почна да ги бележи податоците.

Американските компании се присилени да го намалуваат производството поради недостигот од простор за чување на нафтата, што неодамна ги спушти цените на американскиот пазар во негативна територија бидејќи трговците ја продаваа нафтата по цени пониски од набавните за да ги избегнат трошоците за складирање.

„трговците ги изненадува брзината на намалувањето на производството во САД, а токму тоа ни треба за да ги поддржиме цените“, заклучи Тони Нунан од токиско Мицубиши.

Позначителниот раст на цените го закочи денес стравот од втор бран на зараза по појавата на нови случаи во кинески Вухан, кој пред еден месец ги укина мерките за сопирање на епидемијата.

Бројот на заразените повторно порасна и во Германија, само неколку дена по ублажувањето на мерките, а на заканата од втор бран вчера предупреди и Јужна Кореја.

ОПЕК, пак утрово на своите интернет страници извести дека цената на барелот во референтната кошничка на нафта на неговите членки денес изнесувала 22,21 долар, што значи дека паднала за 70 центи во однос на претходниот ден на тргување.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе