Поради хаосот околу брегзитот фунтата вртоглаво падна

Британската фунта падна во однос на доларот и еврото веднаш откако британските пратеници го отфрлија по третпат договорот за излегувањето од Европската Унија.

Фунтата вчера околу 16 часот вредеше 1,2998 долари, додека нејзината вредност во четвртокот вечерта беше 1,30044 долари.

Едно евро вредеше 86,36 пенија, а синоќа се менуваше за 86,03 пенија.

Британскиот парламент по трет пат го отфрли договорот за разделување со Европската Унија кој Лондон и Брисел го постигнаа кон крајот на ноември.

Премиерката Тереза Меј по гласањето кажа дека последиците на одбивањето на договорот се „сериозни“ и дека сега основното сценарио станува брегзит без договор на 12 април.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе