Поради брегзитот 100.000 Германци би можеле да останат без работа?

Излегувањето на Британија од Европската Унија без договор би можел Германија да ја чини 100.000 работни места, предупредуваат економисти во истражување објавено во неделното издание на Велт.

Станува збор за заедничка студија на економисти на Институтот за економски истражувања и Универзитетот Мартин Лутер во Хале.

Вработените во германската автомобилска индустрија се во најголем ризик во областите Волфсбург и Баварија, каде Фолксваген и БМВ имаат фабрики.

„Ни во една друга земја влијанието врз вкупната вработеност нема да биде толку големо како во Германија, каде што ќе бидат погодени околу 100.000 луѓе“, тврди Оливер Холтемелер, еден од авторите на студијата.

Франција е следната земја која може да биде погодена од брегзит без договор, со 50.000 работни места што се во опасност, пренесува Политико.

Се проценува дека над 600.000 луѓе низ светот би можеле да ги почувствуваат последиците од излегувањето на Британија од ЕУ без договор. Од тоа, 179.000 работни места се однесуваат на работни места во ЕУ, а 433.000 надвор од блокот.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе