Полскиот премиер: Гасоводот Северен тек 2 е опасен за Европа

Гасоводот Северен тек 2 е како Европа да вложува во руско оружје и е опасен за Европа, кажа полскиот премиер Матеуш Моравјецки за време на расправата во Атлантскиот совет.

EPA-EFE

„Не можам да кажам дека во Полска имаме остра антируска реторика. Меѓутоа, има нешта кои не ни се допаѓаат. На пример Северен тек 2“, кажа Моравјецки додавајќи дека, според него, изградбата на тој гасоводот е како Европа да вложува во руско оружје.

Според Моравјецки, доколку Русија ја исклучи Украина од транзитот на гас кон Западна Европа, тоа ќе има големо влијание врз таа земја.

„Затоа Северен тек и Северен тек 2 се толку опасни за нешиот регион и поради нив ја критикуваме Германија“, кажа шефот на полската влада.

Неговиот говор доаѓа еден ден откако полскиот регулатор на пазарниот натпревар УОКиК соопшти дека го казнил руски Газпром со 213 милиони злоти (57 милиони долари) поради недостиг на соработка околу постапувањето во проектот на изградбата на гасоводот Северен тек 2.

Полска смета дека Северен тек 2, кој би го удвоил рускиот извоз на гас преку Балтичкото Море, е закана за енергетската безбедност на Европа и дека со него би се зајакнала доминацијата на Газпром на пазарот.

Водител на проектот Северен тек 2 е Газпром, додека половина од средствата ги обезбедија германската компанија Унипер и Винтершал на БАСФ, англиско-холандската компанија Шел, австриски ОМВ и Анжи.

Газпром одби да ја коментира казната од полскиот регулатор, а рускиот претседател Владимир Путин и Газпром соопштија дека планираат да го довршат Северен тек 2. Повеќе од 90 отсто од гасоводот се завршени.

Рускиот енергетски џин испорачува поголем дел од гасот кој се троши во Полска. Полската државна енергетска компанија ПГНиГ често се жали дека рускиот гас го плаќа повеќе од другите европски земји.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе