Советник на полската влада најави

Полска не го сака рускиот гас и планира нов терминал во Гдањскиот Залив

Полска планира за пет години да пушти во употреба нов ЛНГ терминал, односно брод за складирање и понатамошна дистрибуција на природен гас во Гдањскиот Залив.

Оваа информација ја објави советникот на полската влада за стратегиски енергетски инфраструктурни проекти Пјотр Наимски.

Полска ги диверсифицира своите извори на набавка за да стави крај на децениската зависност од рускиот гас. Новиот терминал ќе ѝ даде можност да стане влезна точна за снабдување кон средината на следната деценија.

Новиот ЛНГ терминал би требало да помогне во снабдувањето на растечката побарувачка за гас на полскиот и европскиот пазар.

Варшава проценува дека годишните потреби за гас во Полска ќе пораснат за четири милијарди кубни метри, на 21-22 милијарди кубни метри за време на 2023 и 2024 година.

Владата планира да го покрие растот на побарувачката со купување норвешки гас преку проектот Балтик пајп и тоа во количество од десет милијарди кубни метри годишно, со дополнителни четири милијарди кубици годишно кои треба да дојдат од домашни извори и до 7,5 милијарди кубни метри годишни испораки преку ЛНГ терминалот во Швиноујшчие.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе