Полска го намалува ДДВ-то на греење и давачките на бензин

Полска на мерките за зауздување на инфлацијата ќе ја додаде и снижената стапка на ДДВ за греењето, изјави премиерот Матеуш Моравјецки.

EPA-EFE

Инфлацијата во ноември порасна на 7,7 отсто, највисоко ниво во нешто повеќе од 20 години, објави во вторникот статистичката агенција. Во октомври цените на годишно ниво пораснале за 6,8 отсто.

Потрошувачките цени силно растат низ светот, поттикнати од поскапувањето на горивото и нарушувањата на ланците на снабдување кои ги предизвика опоравувањето на побарувачката по ублажувањето на ковид-мерките и деловниот модел на синхронизација на резервите со актуелните потреби во производството.

Дополнителен проблем е и недостигот од работна сила па бројни компании се обидуваат да привлечат нови и да ги задржат старите работници со повисоки плати.

Полската влада минатата недела најави дека ќе се труди да го ублажи ударот на инфлацијата на буџетот на домаќинствата и на нивната куповна моќ со снижување на давачките на гориво и стапката на ДДВ на гасот и струјата на неколку месеци и исплата на паричен надомест.

Вредноста на пакетот тогаш беше проценета на 10 милијарди злоти (2,4 милијарди долари.

Премиерот сега на тие мерки ја додаде и снижената стапка на ДДВ на греењето.

„Ќе ја намалиме стапката на ДДВ на греењето во топлотните мрежи од 23 на осум отсто“ во првите три месеци од 2022 година, изјави Моравјецки на прес-конференција.

Ако инфлацијата продолжи да биде висока, владата може да воведе и дополнителни мерки, порача премиерот додавајќи дека најавениот пакет, според проценките на аналитичарите, треба да ја снижи стапката на инфлацијата за еден до 1,5 процентни бода.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе