Почна изградбата на фабриката за првиот турски автомобил (ВИДЕО)

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во саботата го положи првио камен темелник за изградба на фабриката за производство на првиот турски автомобил.

EPA-EFE

Тој најави дека фабриката ќе биде готова во рок од 18 месеци а првиот автомобил ќе биде произведен во последниот квартал од 2022 година, пренесува ТРТ.

Камен темелникот за фабриката, во која ќе се произведува првиот турски автомобил, чиј прототип беше претставен на крајот на декември минатата година, е поставен во Бурса.

Ердоган истакна дека станува збор за остварување на 60-годишен сон, а потсети дека вееста за производство на првиот турски автомобил одекнала не само низ земјата, туку и во целиот свет.

„планираме да ја завршиме фабриката за 18 месеци, а првиот турски автомобил од лентата го симнуваме во последниот квартал од 2022“, кажа Ердоган.

Зборувајќи за фабриката, истакна дека овој комплекс од темел ќе ја смени перцепцијата на фабриката кај луѓето.

„Она што денес почнуваме да го градиме не е само фабрика. Ова е огромен комплекс за производство со различни оддели кој од темел ќе ја смени перцепцијата на фабриката кај луѓето“, порача турскиот претседател.

Турскиот министер за индустрија и технологија Мустафа Варанк кажа дека првиот турски автомобил ќе биде паметен автомобил и нема да ја загадува околината, како и дека ќе биде произведен во фабрика која исто така малку ќе загадува.

Турција на крајот на декември минатата година го претстави прототипот на првиот автомобил од домашно производство, кој ќе биде електричен автомобил.

На проектот за развој на првиот турски автомобил работи Иницијативната група за производство на турскиот автомобил (ТОГГ), создадена во јуни 2018 со здружување на ресурсите на турските компании Анадолу грубу, БМЦ, Кок грубу, Турксел, Унијата на турски берзи и приватни комори и Зорлу грубу.

Првиот модел на турскиот автомобил ќе биде кросовер на електричен погон. Планот е до 2030 година да биде почнато производството на пет модели и тоа со по три различни верзии за секој модел. Годишно е планирано производство на 175 илјади примероци.

Во првата фаза се планира фабриката да вработува околу 5.000 работници, додека во периодот на полн капацитет на производството се очекува да овозможи 20.000 работни места.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе