По Данска, Русија му го секна гасот и на германски Шел

Данска стана петтата земја на која ѝ е исклучен рускиот природен гас по одбивањето на нејзиниот најголем продавач Орстед да плати за испораките во рубли. Испораките на Шел енерџи Јуроп лимитед во Германија, исто така, се стопирани од истата причина, објави денеска рускиот енергетски гигант Газпром.

Фото: ЕПА

„До крајот на работниот ден на 31 мај, Газпром експорт нема добиено исплата за снабдувањето со гас во април од Орстед салг и сервис“, вели руската компанија во соопштението и додава дека во 2021 година Газпром експорт ѝ испорачал на данската компанија 1,97 милијарда кубни метри гас, што изнесува околу две третини од вкупната потрошувачка на гас во Данска.

„Договорот меѓу Газпром експорт и Шел енерџи Јуроп лимитед за снабдување со гас за Германија предвидува волумен до 1,2 милијарда кубни метри гас годишно“, соопшти Газпром.

Шел сочинува само 2,6 отсто од 95-те милијарди кубни метри природен гас што Германија ги троши секоја година.

„Шел продолжува да работи на постепено повлекување од руските јаглеводороди“, изјавија од компанијата за Би-би-си.

Рускиот енергетски гигант неодамна го прекина извозот на гас во Бугарија, Полска, Финска и Холандија, откако тие одбија да плаќаат во рубли.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе