Пленковиќ за воведувањето на еврото во Хрватска: Ако имате готовина дома, ставете ја во банка

Претседателот на владата на Хрватска Андреј Пленковиќ го претстави денес предлог законот за воведување на еврото како официјална валута.

EPA-EFE

Пленковиќ, заедно со потпретседателот на владата и министер за финансии Здравко Мариќ и министерот за економија и одржлив развој Томислав Ќориќ, ги претстави и насоките за прилагодување на стопанството во процесот на замена на хрватската куна со еврото.

„2022 година е година на одлука за Шенгенската зона и еврозоната. Според сценариото на донесување одлуки, тие треба да се случат во месеците пред нас, откако Хрватска ги исполни критериумите. Имајќи ја предвид проевропската ориентација на нашата влада и државата, ние во 2017 почнавме јавна расправа за воведување на еврото“, кажа Пленковиќ.

„Ние сме високо евроизирана економија, 70 отсто од приходите во туризмот доаѓаат од туристи од државите членки на еврозоната, 60 отсто од стоковата размена, 70 отсто од ороченото штедење е во евра или поврзано со еврото, околу 60 отсто од кредитите“, додаде тој.

„Планот е од почетокот на септември да се истакнат цените и во евра, и во куни. Да почне процесот и пред да се воведе еврото“, кажа тој, наведувајќи дека тоа би требало да почне од првиот понеделник во септември, односно на 5 септември.

„Ги повикуваме граѓаните кои имаат готовина која ја чуваат дома, уште сега да ја стават на своите сметки во банките. Со моментот на прифаќање на еврото, сè во куни автоматски ќе се претвори во евра, за граѓаните ќе нема дополнителна работа. Цените уште цела 2023 ќе бидат истакнати и во куни и во евра. Значи 16 месеци“, наведе додавајќи дека нема да има трошоци за граѓаните една година за замена на куните во евра, без надомест.

„Без трошоци за граѓаните, едноставно, транспарентно, со заштита на потрошувачите“, истакна Пленковиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе