Петте земји со најголеми резерви злато во светот

Количеството злато кои богатите земји низ светот го натрупаа за време на 2018 година достигна второ највисоко ниво на сите времиња, соопшти Светскиот совет за злато.

Во однос на една година претходно, националните банки купувале толку злато што е забележан скок од дури 74 отсто.

5. Русија

Во текот на изминатите шест години Централната банка на Русија купувала големи количества злато. Во 2017 година ја истисна Кина од листата на петте најголеми сопственици на златни резерви.

Минатата година Русија стана водечки светски купувач на злато со нето купување од 651,5 метрички тони. Централната банка на Русија во февруари ги зголеми девизните резерви за 31,1 тон злато, зголемувајќи ги резервите на благородниот метал на 2.149 тони.

4. Франција

Во Париз наводно има 2.518 тони злато, што е околу 60 отсто од вкупните француски девизни резерви.

Француската опозициска политичарка Марин ле Пен во повеќе наврати повика на сопирање на продажбата на националното злато, како и за репатријација на сите француски златни прачки депонирани во странски држави.

3. Италија

Со 2.534 тони злато во својата каса, Италија се спушти на третото место на најголемите светски „чувари“ на златото.

Таа сума е речиси 70 отсто од девизните резерви на земјата. Според политиката која ја усвои Банката на Италија, златото е најбезбедната инвестиција во време на економски превирања и заштита од нестабилноста на американскиот долар.

2. Германија

Германската Бундесбанк во моментов поседува 3.483 тони злато, што е повеќе од 70 отсто од германските девизни резерви.

Банката се обидува да репатрира околу 674 тони злато кои ги чуваат централните банки на Франција и САД. Се очекува репатријацијата на златото на земјата да заврши до 2020 година.

1. Соединетите Американски Држави

Вашингтон наводно ги има најголемите светски златни резерви од 8.407 тони. Тоа е повеќе од 75 отсто од националните девизини резерви.

Американски Фед не е толку активен во купувањето на златото како другите земји, за да спречи девалвација на доларот.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе