Коронакриза

Парадокс во Австрија: Голема невработеност, но и недостиг од работна сила

Во Австрија на пазарот на труд владее парадоксална ситуација, бидејќи покрај големата невработеност поради кризата со коронаворусот, на многу компании им фали потребната работна сила.

EPA-EFE

Во моментов во Австрија има повеќе од 410 илјади невработени, а претседателот на Стопанската комора на Австрија Харалд Марер очекува тој број месецов да порасне за уште 80 илјади.

Покрај тоа, околу 400.000 луѓе работата со скратено работно време.

„И покрај растечката невработеност многу претпријатија не можат да најдат работна сила“, кажа Марер, додавајќи дека причината е што лицата кои бараат работа не ја наоѓаат таму каде што има слободни работни места.

Само во ИТ секторот има отворени 20 илјади работни места, во негата 2,5 илјади, а во услужните дејности недостига стручна работна сила, на пример 1,3 илјади инсталатери.

За невработеноста да не остане висока, Комората бара мерки од владата, социјалните партнери и сервисот за вработување.

„Приоритет е квалификацијата. Коронакризата нѐ поттикна во насока на дигитализација и таа насока треба да го следи и образованието“, кажа генералниот секретар на Комората Карлхајнц Копф.

Тој истакна дека занаетите се покажале поотпорни на кризата и дека занаетчиите полесно наоѓаат работа од образованите лица.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе