Пандора-документи: откриено тајното богатство и зделките на светските лидери

Тајното богатство и зделките на светските лидери, политичари и милијардери е откриено во едно од најголемите протекувања на финансиски документи, пренесува Би-би-си.

Околу 35 сегашни и поранешни лидери, над 100 милијардери и повеќе од 300 јавни функционери се прикажани во досиејата од офшор-компании, наречени „Пандорa-документи“.

Тие откриваат дека кралот на Јордан тајно натрупал 70 милиони фунти имот во Велика Британија и САД.

Тие исто така покажуваат дека поранешниот премиер на Обединетото Кралство Тони Блер и неговата сопруга заштедиле 312.000 фунти кога купиле канцеларија во Лондон.

Двојката купила офшор-фирма во чија сопственост била зградата.

Протекувањето, исто така, го поврзува рускиот претседател Владимир Путин со тајни средства во Монако и покажува дека чешкиот премиер Андреј Бабиш - пред изборите оваа недела - не пријавил офшор-инвестициска компанија со која купил две вили за 12 милиони фунти на југот на Франција.

Ова е најновото во низата протекувања во изминатите седум години.

Испитувањето на досиејата е најголемото организирано истражување од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ), со учество на повеќе од 650 новинари. Би-би-си, Гардијан и другите медиумски партнери имале пристап до 12 милиони документи од 14 компании за финансиски услуги во земји меѓу кои Британските Девствени Острови, Панама, Белизе, Кипар, Обединетите Арапски Емирати, Сингапур и Швајцарија.

Некои од имињата се соочуваат со обвинувања за корупција, перење пари и глобално избегнување данок.

Но едно од најголемите откритија е како истакнати и богати луѓе легално основале компании за тајно да купуваат имот во Велика Британија. Документите ги откриваат сопствениците на некои од 95.000-те офшор-фирми што стојат зад набавките. Многу од трансакциите во документите се сосема легални.

Но Фергус Шил од ИЦИЈ вели: „Никогаш немало ништо од вакви размери и тоа ја покажува реалноста на тоа што офшор-компаниите можат да го понудат за да им помогнат на луѓето да скријат валкани пари или да избегнат данок“.

Тој додава: „Тие ги користат тие оф-шор сметки, тие офшор-трустови, за да купат стотици милиони долари имот во други земји и да ги збогатат сопствените семејства, на сметка на своите граѓани“.

ИЦИЈ верува дека истрагата ја „отвора Пандорината кутија за многу работи“ – па оттука е и името Пандора-документи.

Меѓу другите откритија во документите „Пандора“:

- Кенискиот претседател Ухуру Кенијата и шест членa на неговото семејство тајно поседуваат мрежа на офшор-компании. Тие биле поврзани со 11 фирми - од кои едната била проценета како имот со 30 милиони американски долари.

- Членовите на потесното опкружување на пакистанскиот премиер Имран Кан, вклучително и министри во кабинетот и нивните семејства, тајно поседуваат компании и трустови што поседуваат милиони долари.

- Адвокатската фирма основана од претседателот Никос Анастасијадес од Кипар, се чини, пријавила лажни сопственици за да го маскира вистинскиот сопственик на серија офшор-компании - поранешен руски политичар, обвинет за проневера. Сепак, адвокатската фирма го негира ова.

- Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги преселил своите акции во тајна офшор-компанија непосредно пред да победи на изборите во 2019 година.

- Претседателот на Еквадор, Гилермо Ласо, поранешен банкар, ја заменил панамската фондација што месечно им плаќала на членовите на неговото потесно семејство со труст со седиште во Јужна Дакота во САД.

Во податоците што протекоа се прикажани повеќе од 100 милијардери, како и познати личности, рок-ѕвезди и бизнис-лидери. Многумина користат офшор-компании за да чуваат луксузни предмети како што се имот и јахти, како и тајни банкарски сметки. Има дури и уметност, која се движи од ограбени камбоџански антиквитети до слики од Пикасо и мурали од Бенкси.

Пандора-документите ги откриваат внатрешните дејства на еден финансиски свет во сенка, отворајќи редок прозорец кон скриените операции на глобалната офшор-економија, која им овозможува на некои од најбогатите луѓе во светот да го скријат своето богатство, а во некои случаи да платат малку или воопшто да не плаќаат данок, вели Гардијан.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе