Падна германската економија, на раб е на рецесија

Германија, најголемата европска економија, би можела да лизне кон рецесија, што би можело негативно да влијае врз останатите европски земји. За економската сила на Германија сведочи тоа што нејзините 84 милиони жители, односно 16 отсто од населението на ЕУ, создаваат околу 21 отсто од БДП, а нејзиниот извоз сочинува 24 отсто од извозот на сите членки на ЕУ.

Активностите во германската економија паднаа во второто тримесечје во атмосферата на трговската војна на САД и Кина и заканите за излегување на Британија од Европската Унија без договор, покажуваат официјалните податоци објавени денес.

Во периодот од април до јуи германскиот бруто домашен производ (БДП) лизна 0,1 отсто во однос на претходните три месеци кога порасна 0,4 отсто, соопшти државната статистичка канцеларија Дестатис.

Тоа е втор пат во изминатите 12 месеци економијата да забележи пад – активностите се намалија и во третиот минатогодишен квартал, но Германија сепак избегна рецесија бидејќи активностите во последните три месеци во 2018 стагнираа.

Според техничките дефиниции, рецесија настапува кога активностите паѓаат на тримесечно ниво две тромесечја по ред.

Тегот за водечката европска економија се трговските тензии меѓу САД и Кина, кои негативно влијаат врз извозно ориентираната индустрија, и отвореното прашање на британско-европските односи по излегувањето на Британија од ЕУ.

Во таква атмосфера надворешнотрговската размена негативно влијаела врз економскиот раст, бидејќи извозот паднал позилно од увозот.

Негативното влијание на надворешните фактори го ублажува солидната домашна побарувачка, поддржана од силниот пазар на труд и растот на платите, но и засиленото државно трошење.

Така личната потрошувачка во Германија во второто тромесечје порасна посилно од почетокот на годината, а засилени се и бизнис инвестирањата, открива извештајот на Дестатис.

Намалени се пак вложувањата во градежништвото, истакнува статистичката канцеларија.

Германија со падот на активностите во второто тромесечје ѝ се придружи на Британија чија економија во истиот период падна за 0,2 отсто.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе