ОПЕК+ значително го намалува производството на нафта

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари кон 94 долари откако ОПЕК и сојузниците одлучија да го намалат производството најмногу од почетокот на пандемијата, и покрај противењето на САД. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше повисока за 1,77 долари отколку на вчерашното затворање и изнесуваше 93,57 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 1,49 долари повисока цена, од 88,01 долари.

EPA-EFE

Трговците денес нестрпливо го очекуваа состанокот на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници во Виена на кој се одлучуваше за производната политика. Заедничкиот министерски одбор за мониторинг (ЈММЦ) договори производството од ноември да биде намалено за два милиони барели дневно во однос на референтната вредност, соопштија три извори од ОПЕК+.

Тоа значи дека намалувањето сепак ќе биде поскромно бидејќи групата во август заостануваше зад целеното производство околу 3,6 милиони барели дневно, толкува Ројтерс. Сè уште не е јасно дали таа бројка го вклучува и евентуалното доброволно намалување на производството во некои членки од организацијата.

Некои аналитичари тврдат дека ОПЕК+ всушност само официјално го потврдува и онака намалениот обем на производство во изминатите месеци. „Реалните последици на намаленото производство ќе бидат поблаги бидејќи некои членки не успеваат да ги реализираат производните квоти“, смета Фиона Синчота од Сити индекс.

ОПЕК+ со денешниот потег ја отфрли сугестијата на Вашингтон да не го намалува значително производството. На американскиот претседател Џо Бајден не му одговара растот на цената на бензинот пред изборите за Конгресот кои ќе се одржат на 8 ноември.

Бајден цела година се обидува да ја намали цената на бензинот, која по скокот во март опаѓа, што неговиот кабинет го претстави како големо достигнување.

Соединетите Американски Држави мора да бидат помалку зависни од ОПЕК+ и останатите странски произведувачи на нафта, кажа портпаролот на Белата куќа Џон Кирби по средбата на групата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе