Во прелиминарната оцена за руската инвазија на Украина, Организацијата за храна и земјоделство вели дека не е јасно дали Украина ќе може да собира жетва за време на потенцијално долготрајниот конфликт, со неизвесност и околу рускиот извоз на храна.
Според нејзините процени, 20-30% од вообичаените зимски житни култури, пченка и семки од сончоглед во Украина нема да бидат засадени или ќе останат неожнеани.
Русија е најголемиот светски извозник на пченица, додека Украина е петти по големина, се додава.
Заедно, тие обезбедуваат 19% од светската понуда на јачмен, 14% од пченицата и 4% од пченката, што сочинува повеќе од една третина од глобалниот извоз на житни култури, се вели во извештајот.
Исто така, се очекува конфликтот да предизвика скок на бројот на неухранети луѓе низ целиот свет за осум до 12 милиони луѓе во 2022-2023 година, рече организацијата.