Удвоен бројот на милијардери во последните 10 години

Оксфам: Најбогатите 1 отсто поседуваат двојно повеќе богатство од 6,9 милијарди луѓе

Бројот на милијардерите е удвоен во изминатите десет години благодарение на економскиот систем базиран врз нееднаквоста кој на својот грб го носат жените, предупреди денес британското здружение за борба против сиромаштијата Оксфам.

Супербогатите еден отсто од светската популација насобрале двојно повеќе богатство од останатите 90 отсто, соопшти Оксфам во својот нов извештај.

Јазот меѓу безобразно богатите и остатокот од човештвото достигнал гротескни пропорции, се истакнува во документот „Време за грижа“ објавен денес, пред почетокот на Светскиот економски форум во Давос.

„Тој длабок јаз се темели на погрешниот и сексистички економски систем“, констатираат авторите на извештајот, истакнувајќи дека 22 најбогати мажи во светот имаат повеќе пари од сите жени во Африка.

Жените и девојките дневно трошат милијарди неплатени саати на готвење, чистење и грижа за родините, поради што многумина не можат ни да се образуваат, ни да се вработат, тврди Оксфам.

Вредноста на нивниот труд е три пати поголема од вредноста на глобалната технолошка индустрија, се додава.

Владите со несоодветно оданочување на најбогатите поединци и компании се откажуваат од парите со кои жените би можеле да се извлечат од сиромаштијата, предупредува извештајот.

Тие предлагаат во следните години најбогатите еден отсто во светтот да плаќаат само 0,5 отсто поголеми даноци, штто ќе овозможи отворање на 117 милиони работни места во секторите како здравството, образованието и грижата за постарите и децата.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе